Возрасна мечка, која граѓани ја виделе повредена, изнемоштена и преплашена во Радожда, за која пријавиле во полиција, барале помош за да се спаси. Иако граѓаните се обиделе да помогнат, контактирале полиција и барале некако да се помогне на животното кое се мачело, полицијата и институциите не презеле ништо. Мечката почина во тешки болки, нејзиното тело во моментов лежи на патот Мали Влај, реагираат од „Анима Мунди“ кои ги потсетуваат државните институции дека мечките се заштитен вид во Република Македонија.
Тие известуваат и за повредениот лебед на охридското крајбрежје кој со месеци се измачува повреден, со скршено крило, за кој „Анималиа“ здружението за заштита на животни од Охрид, алармираше, бараше помош и, се обиде да помогне.
„Бројни туристи, македонски и странски, се јавуваат и посочуваат за несреќниот Џорџ, бараат помош, деца го гледаат, се потресуваат и плачат. Но ништо – не само што на лебедот не му се помогна, туку здружението беше предупредено дека не смее да интервенира зошто надлежноста не е нивна, т.е „Анималиа “ би можеле да добијат казни. Дури по крената медиумска врева од „Анималиа“, надлежни лица излегоа на терен да го заловат лебедот. Ловот беше несупешен, лебедот само го истраумираа, а тоа доволно кажува за непрофесионалниот пристап на службите кои по дифолт требаше да си ја завршат работата. Од страв дека при повторно вакво некомпетентно заловување на Џорџ би можело да му пукне срцето“, велат од здружението.