Ангелов: Надвор од ум е командант на УЧК да стане министер за одбрана

Од:

Во фотељата, министер за одбрана ќе седне Талат Џафери

Поранешниот командант Форина ќе биде новиот министер во кабинетот на Никола Груевски, кој ќе го замени Фатмир Бесими.
Генерал Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство не сака да верува дека ова е точна информација, вели не може и надвор од умот е командант на УЧК да стане министер во одбраната на Република Македонија.

„Јас секаде зборувам дека Никола Груевски е политичка кукавица и лажен патриот, но просто не верувам дека е до толку за да го стави Талат Џафери министер за одбрана“,вели Стојанче Ангелов.

За Ангелов и за Достоинство предавсство е оној што како командант се борел против Македонија и што бил против остварување на правата на бранителите и на нивните семејства да биде избран за министер за одбрана.