Андреј Петров на состаноци во Брисел

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, денеска е во Брисел, каде водел одредени разговори поврзани со состојбите во Македонија и за можни решенија на кризата, објави „Охрид 1“.

Порталот наведува дека засега нема информации околу тоа со кого таму се сретнал Петров и што конкретно се разговарало.

Според информации на државната новинска агенција МИА, во Брисел за утре е најавено обраќање на еврокомесарот на проширување на ЕУ, Штефан Филе, на кое тој се очекува да порача нешто „прагматично“, што би можело да се сфати и како предлог за излез од политичката криза во Македонија.