Партијата на обединети пензионери и граѓани потенцираа дека очекуваат редовно и навремено исплаќање на пензиите. Тие се задоволни од како што рекоа одлуката за усогласувањето на пензиите, со растот на трошоците на живот.
– Новата влада покажа дека се грижи за сите граѓани. Со враќањето во примена на член 37 од законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно законското усогласување на пензиите, се содаваат услови за следење на порастот на трошоците и растот на палтите и се создаде еднаквост на сите пензионери, како и нивната социјална сигурност.
За 2017 пензионерите ќе земат по 2160 денари, тоа е три пати повеќе од најавените 650 денари кои требаше да се исплатат во декември, рече Миле Андоновски , генерален секретар на Партијата на обединети пензионери и граѓани.