(ВИДЕО) Амбасадорите на Шведска, Холандија и Словенија: Нема потреба од нови избори

Од:

Не гледам потреба од нови парламентарни избори, тука се резултатите од изборите одржани во декември минатата година и нема причина за повторување. Во моментов се случува доста тежок процес за трансфер на власта, но тоа е демократија и за тоа треба да разговараат политичките партии меѓусебе,вели Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Македонија.

Јазбец исто така напомена дека локалните избори треба да се спроведат што е можно поскоро за општините да продолжат со нормална работа како и за да се одржи демократскиот дух во земјата.

Со ваквиот став на словенскиот Амбасадор дека нема потреба од нови избори се согласија и Амбасадорите на Холандија и Шведска, според нив нови избори можат само да ја загрозат стабилноста во државата.

– Ние како меѓународна заедница сметаме дека нема потреба од повторување на изборите одржани во декември бидејќи доколку повторно има избори државата ќе се најде во екстремна конфронтација што дефинитивно не е добро за стабилноста. Солуцијата е во конституирање на новата влада, вели Амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон.

Шведскиот Амбасадор смета дека во ваква конфронтирана ситуација, дијалог помеѓу партиите не е лоша идеја, но тоа зависи од нив. Тој вели дека секогаш е добредојдена комуникација помеѓу лидерите поготово кога државата е во политичка криза како во моментов.

-Голем број на домашни и странски набљудувачи констатираа дека изборите во декември беа фер и демократски и не гледам голема причина да има нови избори толку брзо по овие. Нови избори само ќе ја пролонгира политичката криза која и онака трае предолго, рече Амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, додвајќи дека спроведувањето на пржинскиот договор трае долго, но сепак резултатите од изборите треба да се земат како основа за пребродување на кризата која владее во државата.

Виктор Јованов