Во трговските објекти во Македонија алкохолните пијалоци од денеска ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19 часот.
Продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци, според законските одредби, важи од 1 мај до крајот на септември. Забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетници и понатаму останува.
Според законските одредби, за лицата кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“ и „парична казна до 5.000 евра“.