„Вртењето во место во земјата уште повеќе му штети на имиџот на реформаторот, разочарувајќи ги уморните граѓани цела една деценија. По излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата, Министерството за здравство е во сериозен колапс и се покажува недоволна во решавањето на проблемите од минатото наталожувајќи нови проблеми во последните шест месеци.
Индикатор за ова е довербата на населението во последните истражувања. Иако Министерството за здравство под раководство на поранешниот министер Таравари уживаше доверба од 22% (два отсто повеќе од премиерот Заев), новиот министер Филипче има само 3% доверба, помалку од сите други министерства во Владата на Република Македонија.
Емиграцијата на лекарите во странство е уште еден аргумент. Според статистичките податоци од лекарската комора на Македонија, во 2015 година емигрирале 171 лекар, во 2016 најмногу до сега, 172, а во времето на Алијансата на Албанците тој број падна на 120 што уште еднаш докажува дека здравствените политики, а особено генерално политиките на Алијансата на Албанците влеваат надеж не само кај Албанците во Македонија, туку и кај сите други заедници.
Во 2018 година, во периодот јануари-април, за само четири месеци мигрирале 110 лекари, феномен што покажува и докажува дека здравствените политики се во погрешна насока што предизвикува несигурност кај медицинскиот персонал и пациентите и нивните семејства. Министерството за здравство не успеа да го обработи Законот за здравствена заштита, кој е подготвен од страна на специјалисти во областа и професионалци со огромно искуство и за прв пат, беше претставен на групите од интерес кои дадоа зелено светло за презентирање пред пратениците и соодветните комисии во парламентот. Овој закон е потребен за одржување на интегритетот на лекарите и медицинските соработници од една страна, и на интегритетот на пациентите и нивните семејства, од друга страна.
Покрај тоа, ние предложивме амандмани за измена на Законот за паралелен увоз на лекови заради елиминирање на злоупотребите и увоз на лекови од сомнително потекло кои сериозно можат да влијаат негативно врз целокупното здравје на населението. Имаме сигурни информации дека последните месеци биле увезени лекови од оваа група по стариот закон, каде предност имаат фирми блиски со поранешниот режим и бараме итно премиерот Заев и министерот Филипче да го запрат овој криминал во корист на пациентите и за имиџот на државата.
Бесмислен и скандалозен е проектот за централизирање на биохемиските лаборатории на централно ниво.
Прво беше најавено дека ќе бидат 12 за да по 24 часа бројот да се намали на осум лаборатории, што укажува на несериозност, неподготвеност и отсуство на консултации со експерти во оваа област, кои се загрижени за последиците кои можат да произлезат по нивната секојдневна работа, бидејќи на нивното заобиколување од овој процес, како и недостатокот на такви искуства во околните држави и пошироко. Како резултат на анализата на Одделот за здравство на Алијансата на Албанците, партијата бара овој проект веднаш да запре и предлагаме најпрво да се формираат групи на експерти, кои ќе направат регистрација на постојните апарати, фреквенцијата и обемот на работа на секоја лабораторија, бројот на населението кое се покрива и квалификациите на вработените во оваа област.
Од друга страна здравството во Македонија има многу поголеми проблеми отколку проблемот на лабораториите, и со право предизвикува сомневања за валкани игри наместо за проект кој ќе ја олесни работата на здравствените работници и пациентите и ќе се заштедат пари од буџетот“ се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.
