Алекс Ружин, член на ЛДП и син на поранешниот пратеник и амбасадор Нано Ружин, бил пресретнат од припадници на единицата Алфа, му била одземена видео лента од камера на која се наоѓале видео материјали и фотографии од автобуси на „Берово Транс“ но и приватни фотографии од членови на семејството, објави Плусинфо.
Тој апелира полицијата да му ги врати приватните снимки.
-Во моментов ме викаат во полициска станица Пролет да дадам записник. Одевме накај аеродромот Петровец, забележавме автобус на „Берово транс“ за кој се посомневавме дека превезува гласачи од Пустец. Сакавме да видиме каде оди. Одеше по обиколница и на наплатната рампа нè застанаа Алфи со „Лендровери“. Беа културни, нè задржаа еден час, како регуларна проверка. Панично заминаа со образложение дека има пукање во Арачиново Ни земаа касета од камера без образложение зошто – вели Алекс Ружин за 24 Вести.