Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе излезат со заеднички кандидати и листи во Кичево и Струга предизвикува стравувања во ДУИ, тврдат високи функционери за Press24.
Како пример за тоа се нагласува изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој пред своите поддржувачи Кичево го претставувал како уште една од општините која ја владеат Албанци, но и од говорот на актуелниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити во кој тој вели дека:
„Не е важно дали Албанците ќе гласаат во Тетово, бидејќи ако не биде Теута Арифи гардоначалник, тогаш тоа ќе биде Сади Беџети, но важно е тие да гласат за Кичево, бидејќи ако не стане градоначалник кандидатот на ДУИ, тогаш на негово место ќе дојде Македонец, а Албанците ќе изгубат можност да владеат уште една општина во Западна Македонија“.