А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Галена Николовска-Ризвановиќ
Македонија

ВИДЕО: Ако не врне, папата ќе се вози со папамобилот

by Галена Николовска-Ризвановиќ24/04/2019 - 15:3824/04/2019 - 16:12411
Share0

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од времeнsките услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат повеќе од 400 новинари, од кои 200 странски и 200 домашни, информираа денеска од Министерството за надворешни работи, од каде на заедничка прес-конференција со премиерот Заев и бискупот Киро Стојановски порачаа дека има огромен интерес за посетата. Очекувањата се дека на плоштадот ќе присусутвуваат повеќе од 15 илјади граѓани, а ќе бидат обезбедени околу две илјади места за седење, како и пунктови за вода. Мисата ќе се одржува на италијански јазик, а ќе има и дел на хрватски, како и на македонски јазик. Венриците кои ќе сакаат да присусутвуваат на плоштадот ќе треба да пристигнат најдоцна до 9 часот поради безбедносни причини, а мисата ќе започне во 11.30 минути.

Добивај вести на вибер

Папата со специјален лет пристигнува на скопскиот аеродром во 8 часот и 15 минути каде ќе биде пречекан со највисоки државни почести од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

„Можам да потврдам доколку временските услови дозволат предвидено е користење на специјалното голф возило или популарно наречено папамобил“, изјави државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Според агендата, папата, во 9 часот ќе биде пречекан во Вила Водно кадеќе има обраќање и одвоени средби со Заев и Иванов и нивните семејства.

„Доаѓа во важен момент за нашата земја, кога демонстриравме подавање рака, пријателство, вредности  кои допираат до вредностите на светите пораки. Оваа благопријатна посета е чест и од мене е сфатена како охрабрување да бидеме подобри луѓе, да не охрабри дека доаѓаат подобри времиња. За нас тоа е и афирмација пред целиот свет, но и можност да се покажеме како добри домаќини,“ порача Заев за посетата на папата.

Попладне во католичката црква „ Пресвето срце исусуово “ папата ќе се сретне со свештениците , како и со граѓани од ранливите категории, а предвидена е и средба со претставниците на верските заедници.

Папата Франциск доаѓа во време кога се одбележуваат 25 години дипломатски односи со Ватикан. Ова според бискупот Киро Стојановски е првата причина за посетата, додека втората причина е тоа што овде има мала, но сепак жива заедница на католички верници, па, како што рече, пастирот доаѓа да го посети своето стадо. Третата причина за посетата  е  Скопје, родниот град на Мајка Тереза.

Галена Николовска Ризвановиќ

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен