Ахмети со бугарскиот амбасадор во земјава разговараа за договорот

Од:
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денес ја посети Амбасадата на Бугарија во Македонија, каде оствари средба со амбасадорот, Иван Петков.
Претседателот Ахмети и амбасадорот Петков разговараа за договорот меѓу Скопје и Софија, политичката ситуација во земјата, реформите, јазичната еднаквост и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ. Ахмети го поздрави договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи го како големо достигнување на патот кон НАТО и ЕУ, но и како придонес за стабилноста и безбедноста во регионот.
Лидерот Ахмети нагласи дека примерот на договорот со Софија, треба да служи за спорот со Атина со цел целосно да се деблокира нашиот Евроатлантски пат.  Тој исто така ја истакна важноста на што побрзо заокружување на Охридскиот договор преку усвојување на законот за употреба на јазиците, што ќе придонесе за еднакво и покохезивно општество.