Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот прием по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, изјави дека предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата, каде во моментов опозицијата жестоко се спротивставува на барањето на владата членовите на ДИК да се бираат со апсолутно мнозинство, наместо со двотретинско.
Опозицијата исто така бара и техничка влада за одржува на предвремени избори и референдум.
Во поглед на лидерската средба, која што ќе се случи денеска, Ахмети рече дека сите политички фактори во државата треба да соберат сили и да ги приближат ставовите.
Исто така, Ахмети уште еднаш истакна дека во однос на предлог-законот за промена на избирниот законик остануваат несогласувањата со опозицијата.
Лидерот на ДУИ рече дека Македонија нема друга алтернатива доколку не успее референдумот за името.
Виктор Јованов