Ахмети: Не вршам притисок, туку навистина е време за НАТО

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево имаше разговори во американската амбасада во Скопје со амбасадорот Пол Волерс, јавува Телма.

На новинарско прашање дали преку колумната „Време е за НАТО“ врши притисок врз премиерот Груевски во однос на прашањето за името Ахмети изјавил:

-Не е притисок врз Груевски тоа што сметам дека навистина е време за НАТО. Но, сега навистина е дојдено времето да ги зближиме ставовите. Постои голем интерес кај нашите пријатели од меѓународната заедница да се реши спорот за името. Многу е важно да се релаксираат односите со соседите и со земјите од Балканот. Интеграцијата во НАТО ги отвора и вратите на ЕУ.

ДУИ има право да понуди своја опција, да понуди своја платформа за тековните случувања. Нашите ставови се различни од ставовите на другите политички партии, но ДУИ е голема партија во Владата, претставник на голема етничка заедница, изјави Ахмети.