Ахмети: Изборите ќе има како што е предвидено со договорот

Од:

Преседателот на ДУИ Али Ахмети денеска од Кичево порача дека изборите ќе се одржат како што е предвидено со договорот.

Според него, причина да биде поинаку нема.

– Се што договоривме во целост е исполнето освен делот за медиумите, истакна Ахмети пред членовите и симпатизерите на ДУИ.

Лидерот на ДУИ кој беше придружуван од своите соработници Муса Џафери и Беким Незири, се осврна и на дуги актуелни случувања во земјата.

– Кризата почна со бојкотот на опозицијта, а продолжи со т.н. бомби. Се обидуваа во овој период некои кругови да наметнат атмосфера на наводно недолично и коруптивно однесување на високи наши функционери за да внесат раздор во редовите на ДУИ, но, во секој бунар има бактери. Ние против лошото заедно ќе се бориме како што заедно се бориме за доброто, рече Ахмети.