Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил нведува дека партијата во наредните денови ќе преземе конкретни активности да се свика Собранието и оти тоа треба да се случи што е можно поскоро да се врати стабилноста и безбедноста со евроатлантска перспектива.
Според него избори на 5 јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА не претставува крај на политичката криза туку нејзино продлабочување.
– Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница, наведува Ахмети.
Ги повикуваат сите политички партии да се приклучат на иницијативата за враќање на Парламентот и да се започне заедничко решавање на кризата.
