Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во име на партијата и во свое име денеска го поздрави догворот на Косово со Србија.
„Дозволете ми ве молам, во име на Демократската Унија за Интеграција и во мое лично име, да го поздравам меѓудржавниот договор постигнат во Брисел помеѓу Република Косово и Србија, гарантиран од страна на Европската Унија.
Постигнатиот договор го цениме како значаен чекор кој што отвара нови перспективи, не само за Косово и Србија, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
Ова големо постигнување, покрај признавањето на новата реалност во регионот од страна на Србија, како и добриот почеток за целосно помирување на Балканот на 100 годишнината на Балканските војни, носи уште еден голем поттик за регионот кон Евроатлантска интеграција, што ќе овозможи оддржлив мир, стабилност и сигурност како и економски развој и благосостојба за сите граѓани“, се вели во обраќањето на Ахмети.