Денес во рамките на своите надлежности Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 одржа работна средба со Министерот за здравство Венко Филипче. На средбата беа дискутирани тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство.
На средбата беше дискутирана реализација на националниот акциски план за здравство, која е недоволно искористена и во оваа насока се разгледаа можностите за зголемување на финансиските средства во буџетот на Министерството за здравство за имплентација на овој план како и определување на лица во чии работни цели и задачи би биле активности од локалниот акциски план за здравство, кои лица се дел од групата ромски здравствени медијатори.
Понатаму беше дискутирано за изнаоѓање на решение за трансформација во редовен работен однос на ромските здравствени медијатори. Исто така се укажа на потребата од опремување на просторот за вршење гиноколошки услуги во Општината Шуто Оризари.
На крајот на средбата и двајцата министри потенцираа дека само со заедничка соработка и подршка ќе се остварат комплетни резултати за подобрување на состојбата на Ромите во земјата .
