Драги и почитувани, со малку грижа и нервоза ги следев случувањата во вашата земја изминатите неколку денови.
Мене, како што знаете, тоа директно ме тангира: поради вас, поради пријателите од Скопје, поради некои чудни врски кои трајно се населија во мојата душа. Можеби е во право колегата професор и ментор, кој вели дека очигледно е оти во минатиот живот јас сум бил Македонец. Тоа мора да биде комплимент, бидејќи така би припаѓал на сојот антички Македонци, пријатели и потомци на Александар, но сепак мислам дека таа карма не ме фатила ни во оној живот: изгледа не сум пеел со Сапфо, не сум ги слушал предавањата на Платон или не сум се смеел со Аристофан. Мора да ме зафатиле некоја од страшните битки, на Пелопонез или или кај Термополи, па војната ми се згадиле засекогаш. А војната, верујватеми, драги и почитувани пријатели, е најлоша од се. Од целото срце посакувам таа да не ѝ се случи на Македонија, бидејќи може да има разорни последици.
Да не даде Бог на никој, како што се вели кај нас. Особено не на Македонија.
Околу името, дилема никогаш и не постоела. Како што говореше големиот Блжае Конески: многу големо име носиме и ќе се обидат да ни го земат. За мене и за секој на кого му се јасни елементарните работи, таа земја отсекогаш се викала Македонија. И додека бевме во заедничка држава. Негирањето на името од страна на Грција, секогаш било бесмислено и порано сум пишувал за тоа. Кога човек ќе ги проучи историските околности доаѓа до заклучок дека праведно е таа земја да се вика – Вардарска Македонија. Но, ни тоа Грците не сакаат да го прифатат. Ги исклучуваа можностите „нивното“ да се користи во било кој контекст, по што започна долагата, исцрпувачка битка, која овие денови го доживува својот епилог. Меѓународната заедница, тоа го знаете подобро од мене, лицемерна и бирократска работа: тој спор можеше многу едноставно да се реши порано, но Балканот, спротивно од тоа како се доживуваме – не е центарот на светот. На него им текнува или кога се пука или кога замирисува на барут.
Премиерите Заев и Ципрас и покрај противењето на радикалите од двете страни, го потпишаа договорот, за кој верувам дека не е најсреќно решение, но е еден од можните обиди. Името Северна Македонија, секако, нема да го користиме ние на кои тоа ни е апсурдно, но ако е тоа патот по кои ќе биде признат јазикот (што е главна одредница за култура) и ќе тргне земјата кон интеграциите – зошто да не?
Премногу има такви кои чекаат да не се прифати било каков компромис, па да продолжат да ја експлоатираат таа земја и да ја држат прикована за еворпското тло. Можеби се во право оние кои викаат дека со тој договор се ратификува земјата чиј најточен назив би бил НАТО – Македонија, но добро е да се излезе од волшебниот круг во кој ве држат малите профашисти кои се туркаат под нозете на Путин, а се „палат“ на Орбан. Овој тој стана најголемиот заговорник на името Македонија и наеднаш го засака вашиопт народ.
Тешко е да се верува во теориите на заговор кој обично ги шират националистите, а тоа е дека „Америка Македонија ја планира за улогата на носач на авиони.“ Не е така едноставно да се направи од некоја земја воена база, а ниту една од нашите мали земји не е центарот на светот.
Немам намера да ви кажувам како ви е, ниту на било кој начин да ви сугерирам што е за вас најдобро, но имам чувство дека се е подобро од претходната власт, бидејќи во тој период бев во Македонија и почуствував што му прават на народот и каква атмосфера шират. Се е подобро од претепување на неистомисленици во Собранието, од апсолутна контрола на локалните медиуми, од спинување преку странски и тоа платени текстови во кои пишува дека земјата во која месечната плата е 300 евра е рај за инвеститори.
Се е, драги и почитувани, подобро од тоа мафијата да има својата држава. Како кај нас.
Немојте, ве молам, да мислите дека навивам за некоја политичка страна во, за мене секоја власт е туѓа. Но, онаа која ја водеше Груевски беше мафијашка. А договорот со Грците, иако дел од луѓето мислат дека е принуда, не делува како мафијашка работа. Дури и зад секој параграф да стои невидливата рака на Западот, Македонците ќе останат Македонци, а нонсенс е дека некогаш ќе бидат Северни. Тоа е можно, отприлика, како и тоа дека се антички.
Словенската писменост, а и многу други работи, потекнуваат од таа земја, таа има со што да се гордее. На луѓето како вас сакам да им порачам дека сега, во овие клучни времиња, сум со вас. Состојбата и животот во некоја земја, повеќе го одредуваат менталитетот и културата, него некакви пишани договори.
На Македонците е да изберат што е најдобро за нив и нивната иднина. Искрено тоа ви го посакувам.
Целата колумна може да ја прочитате на сајтот на Радио Сарајево.
Ахмед Буриќ – книжевник и новинар од БиХ
