Агенцијата за храна и ветеринарство во вторникот почна постапка на измена и дополнување на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна, иако тој е усогласен со релевантното законодавство на Европската унија, во правец на воведување на постриктни критериуми во однос на бактеријата Listeria monocytogenes, која беше причината за четири смртни случаи во изминатиот период.
Се воведува обврска за операторите со храна од животинско потекло, за задолжително лабораториско испитување на сите лотови на производи од животинско потекло кои се опфатени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна за утврдување на евентуално присуство на бактеријата Listeria monocytogenes.