Агенцијата за храна и ветеринарство го демантира Николовски

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла сите наводи наведени во изјавата на Љупчо Николовски кој има единствена цел да манипулира со јавноста и да прави дополнителна штета и вознемиреност.

Во комуникација со сите засегнати страни, вакцинацијата се очекува да продолжи на почетокот од следната недела.

Затоа, нема потреба да се шират вакви лаги и шпекулации кои ја искривуваат вистинската слика за справување со болеста „Јазлеста кожа“.