Африм Гаши: Да создадеме услови за добар живот за младите

Од:

Претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши смета дека граѓаните треба да се гордеат со Македонија, која успеа да стигне пред вратите на ЕУ. Во соопштението до медиумите тој наведува дека сега е време кога граѓаните треба да се погледнат и да видат кои работи треба да ги сменат за да влеземе во Европската унија како Европејци, а не како дојденци од земја што Европа ја прифаќа заради милост, а не како нејзин рамноправен дел.

-Верувам дека првата работа што треба да се направи, за Македонија да стане Европа, е сите ние да создаваме услови за добар живот за нашите млади. За да се постигне ова, предуслов е младите да ги вклучиме во нашите одлуки, бидејќи ним им припаѓа иднината, на помладата генерација, за да имаат и тие можност да одлучуваат за нивната судбина. Паралелно со тоа, мора да бидеме ослободени од мрачното минато, од времето на слоганите „смрт за Шиптарите“-стои во соопштението.

Претседателот на Движењето БЕСА смета дека во иднина треба да има само „натписи” кои промовираат соживот и взаемна толеранција.

-Нашето финално патување кон Брисел треба да го искористиме за надминување на сите внатрешни разлики во нашата заедничка држава. Само на овој начин ќе бидеме претпознатливи во Европа, сведочејќи за вековното живеење и соживот на народите од овие простори. Како автохтони Албанци на оваа земја, ние и на овој пат ќе потврдиме дека нашата подготвеност и нашиот придонес ќе биде од суштинско значење за подобар живот и достоинство за сите-завршува во соопштението.