АФПСМ: Планинарот Петков почина во обид да стане шестиот Македонец кој се качил на Монт Еверест

Од:

Жалење за загубата на планинарот Георги Петков, член на ПД Кожув од Гевгелија, кој го загуби животот во обид да стане шестиот Македонец кој го искачил највисокиот планински врв на светот, Монт Еверест, изрази Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

„Според првичните сознанија, 63-годишниот Петков починал од срцев удар. Доктор Петков тргнал на 24 март оваа година, а според планот требало до крајот на овој месец да се искачи на врвот кој е предизвик за искусните планинари. За жал, денес тој му се предаде на предизвикот. Во неговата експедиција предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј, ја потврдиле трагичната вест. За жал, ова е четвртиот несреќен случај за оваа сезона. Околу 400 алпинисти засега успеаја да се искачат на Монт Еверест за оваа пролетна сезона, која почнува во април а завршува во мај“, велат од ФПСМ.

Од таму додаваат дека искачувањето на врвот на светот на Георги Петков не било во официјална организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија