Министерот за образвание, Арбер Адеми вели дека се бараат алтернативни начини за едункација на ученици, а засега, најдени се неколку аплиакции за учениците да следат настава од дома. На МРТВ ќе има програма со наслов „ТВ училници“.
„Училиштата организираат лекции и се вклучени во овој неформален образовен процес. За децата од предшколска возраст има едукативни емисии согласно нивната возраст. Ова ќе трае до стабилизирање на состојбата. Општина Карпош започна со еден проект, односно има дигитална платформа за комуникација помеѓу ученици и професори. Ги охрабрувам и другите училишта да го направат истото. Сепак ова е неформален начин на едукција. Очекувам и другите да се вклучат во овој начин на онлајн едукација. На некои универзитети веќе има онлајн настава со цел студентите да го совладаат материјалот. Треба да бидеме совесни и одговорни и да избереме најдобар начин за едукација за нашите деца и млади“, рече Адеми.