Писмо потпишано од 91 организација од целиот свет изразија поддршка на иницијативата на македонските организации кои што тврдат дека законот за прекинување на бременоста е штетен и го ограничува правото на жената.
Невладината ХЕРА ги повика организациите да го потпишат писмото, откако беше поднесен новиот предлог закон за прекинување на бременоста.
Со тоа се истакнува поддршката кои потписниците ја даваат на иницијативата на македонските организации кои што аргументирано тврдат дека овој закон не е ништо друго освен загрозување на женските права.
Сите овие организации ја изрразуваат својата загриженост околу новиот закон и бараат истито да биде повлечен.
Писмото е испратено до Пратениците во Собранието и до Премиерот.
