А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„8-ми Септември“ повикува на поддршка на утрешниот протест на стечајците

by А1он21/05/2014 - 18:5397
Share0

Здружението за граѓанско општество „8-ми Септември“ соопшти дека како организација која се бори за подобрување на социјалната состојба на граѓаните, изразува отворена поддршка за најавениот протест на стечајните работници кој ќе се одржи утре во 10 часот пред Сојузот на синдикати на Македонија.

Добивај вести на вибер

„Стечајните работници кои повеќе од шест години протестираат барајќи од државата основна егзистенција се лица кои што ја граделе и ја создавале оваа држава. Од вредните раце на овие луѓе се и изградени денешните објекти каде што се сместени институциите кои немо молчат на барањата на стечајците, а се под директива на власта“, се наведува во соопштението.

Граѓанското здружение ги повикува сите граѓани кои ги поддржуваат стечајните работници да се придружат на утрешниот протест.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен