Вчера околу 10,30 часот М.М.(78) од Прилеп кој бил непосредно до брегот, му се слошило и паднал во водата на Охридското Езеро.
Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.