Ќе се поправа и рехабилитира осветлувањето и илуминацијата на Камениот мост кој го поврзува плоштадот со Старата чаршија.
Град Скопје распиша тендер во вредност од 63 000 евра за санација на дотраените сијалици.
На сумата од 63 илјади евра ако се додаде и данокот на додадена вредност, граѓаните новото осветлување ќе го платат над 70.000 евра.
Град Скопје потроши и 2,5 милиони евра за фонтана под земја и ново поплочување на плоштадот или на она што остана околу споменикот „Воин на коњ“.
По првичното постававување на споменикот на „Цар Самоил“, тој се премести на нова локација, неколку метри подолу пред кафеаната „Пелистер“. Новата локација на споменикот сега е на местото на две децениски стебла кој градот ги исече со образложение дека се заболени.
Од Град Скопје не ја прецизираа сумата за преместување на споменикот на „Цар Самоил“. Градоначалникот Коце Трајановски соопшти дека во сумата од 2,5 милиони евра е вкалкулирано и преместувањето на споменикот. Неофицијално се шпекулираше дека се потрошени 100.000 евра Самоил да се премести на новата локација.
