4 деца во Македонија се водат за исчезнати

Од:

Годишно во светот исчезнуваат најмалку 8 милиони деца или 22 илјади дневно.

Денеска е светски ден во сеќавање на исчезнатите деца.

4 деца од Македонија ја дополнуваат црната листа. На 8 годишната Мирсада Хелдовиќ од Куманово, нејзиниот врсник Дане Мемети исто од Куманово како и 11 годишниот Митат Ибраими од 2010 година им се губи и трага и глас.

83243

Досега нема никакви информации за евентуалните грабнувачи на трите деца. Исчезнати се во иста година. Две од нив исчезнале во април, а едно во март месец.

Меѓународниот ден на исчезнати деца воведен е во 1983 година во знак на сеќавање на децата кои се исчезнати и на тие кои се повторно вратени кај своите семејства.

Недодамна свестката јавност беше шокирана од веста за трите киднапирани девојки во Кливленд САД, кои по 10 години успеаја да се спасат од грабнувачот.