35.000 евра се потребни за лекување на шест деца

Од:

Според хуманитарната организација „Допир“ осум деца во моментов се на листа за чекање донации се 3 годишната Јована, 20 годишниот Мики, 7 годишниот Стефан, 11 годишната Марина, 16 годишниот Јован, 5 годишниот Адријан и 6 годишните Ана и Ерина. На шест од нив потребни им се 35.000 евра за лекување, а за останатите две не е објавена потребната сума.

Сите деца моментално одат на терапии, но нивните родители не можат да ги подмират трошоците. Три од децата имаат леукемија, две се со неразвиеност на нозете, едно има парализа на нозе, а боледуваат и од парализа на главата, горните и долните екстремитети. Тие мораат да земаат терапија, а дел од нив да направат операции, бидејќи болестите кај сите прогресираат.

Парите кои Владата ги потрошила за прославата по повод поканата од НАТО, можеле да ги решат животните судбини на сите осум деца кои чекаат донации за лекување во странство. Прославата за НАТО чинела 179.500 евра, соопштија денес од Влада.

Од Владата не одговорија на забелешките околу тоа дека прославата воопшто и не требала да се случи со оглед на тоа што имаме само пана и дека парите меле да се искористат за други цели. Покривање на трошоците за лекување на децата кои чекаат донации преку фондацијата „Допир“ е само една од можностите.

Кристијан Ландов