До 31 август трае јавниот повик на Град Скопје за субвенции за адаптирани велосипеди

Од:

Град Скопје потсетува дека до 31 август оваа година трае јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.

Градот ќе субвенционира 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени еден милион денари.