Тројца мртви во иранските одмазднички напади врз Израел

Од:

Според соопштението на израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом, две лица се убиени, а 19 се ранети во ирански ракетен напад што погоди област во близина на станбени згради во Ришон Лезион, јужно од Тел Авив. Претходно беше наведено дека едно лице го загубило животот.

Третата жртва е жена која почина откако беше погодена од парче ракета за време на претходниот бран ирански напади синоќа.

Полицијата соопшти дека таа била прогласена за мртва на местото на настанот во градот Рамат Ган, источно од Тел Авив.

Да потсетиме дека вчера Израел изврши напади врз ирански воени и нуклеарни цели низ целиот Иран, вклучувајќи ги и објектите во Техеран, Исфахан и Тебриз, а во нападите беа убиени високи функционери и нуклеарни научници.

Иран одговори со лансирање балистички ракети кон Израел.

Ова е најтешката директна конфронтација меѓу Израел и Иран во последните години.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Соборен е авион, четири члена се мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

А1он

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он

Итен состанок со Путин; иранскиот министер за надворешни работи оди во Москва

Израел уби командант на Кудс силите во Иран

А1он