Започна изградбата на хотелот Хилтон во Аеродром

Од:

Хотелот кој неодамна го навести бизнисменот Ајдован Адемовски ќе го носи брендот на Хилтон, пренесува порталот Фактор.

Изградбата е веќе почната на локација во Аеродром, покрај кејот на Вардар, отспротива на универзитетот ФОН.

Хотелот се очекува да биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа центар од еден од најпознатите синџири на спа центри во светот.

City Plazа и Stone Bridge се компаниите инвеститори на хотелот. Градбата, како што неодамна беше објавено ќе ја врши PERA Constuction, македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите.

Инаку, Адемоски исто така тој е застапник на франшизите на турските брендови за бела техника BEKO и Arcelik, модните брендови Koton, Roman, Sarar и Casharel, а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија.