Вработените во „Еурокомпозит АД Прилеп“ ќе добијат по две плати

Владата на Република Македонија на 78. седница донесе одлука да го измени заклучокот од претходната 77. седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари

Според соопштението од владината прес-служба, шест милиони денари ќе бидат обезбедени од АД ЕЛЕМ – Скопје, а пет милиони денари од АД МЕПСО – Скопје.

Со оваа измена, на вработените во оваа компанија наместо по една, ќе им бидат исплатени по две плати.