ВМРО-ДПМНЕ: Долгот секојдневно расте, а не е реализирана ниту една капитална инвестиција

Од:

„Картелот ја носи Република Македонија во банкрот. Јавниот долг за прв пат надмина 5 милијарди евра, а државниот долг 4 милијарди евра.

Картелот ја задолжува државата без основа, долгот секојдневно расте, а не е реализирана ниту една капитална инвестиција. Граѓаните не знаат каде завршуваат милионите кои секојдневно ги троши ова расипничка власт.

Само во првите три месеци од 2018 година картелот ја задолжи државата за нови 300 милиони евра, што значи дека секое семејство е задолжено за нови 600 евра.

Додека долгот се зголемува, немаштијата расте. Платите во февруари се дури 867 денари пониски од платите во јануари оваа година. Цените на мало во април оваа година се поголеми за 3% споредено со април минатата година, додека вкупните трошоци за живот се поголеми за 1,4%.

Сето тоа е резултат на неодговорното работење на СДСМ со државните пари и нивното секојдневно задолжување.

Картелот на власт расипнички се однесува со парите на граѓаните на Република Македонија кои идните генерации ќе треба да ги враќаат со камати двојно поголеми од износот на долгот.

СДСМ ветуваше живот, а донесе беда за граѓаните. Ова расипничко работење со државните пари мора да запре. Картелот на власт на чело со Зоран Заев мора што поскоро да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.