Вегета го повлече од продажба својот познат производ

Од:

Компанијата „Подравка“ го повлече од пазарот производот „Вегета маестро“ мелница за крупна морска сол во пакување од 100 грама поради можно присуство на „парчиња туѓо тело“ во тој производ.

Производите на „Подравка“ д.д. се повлечени со следните датуми на истекување – најдобро е да се користи до 4 април, 8 март, 15 мај, 9 јуни, 19 јули, 15 август, 8 септември и 6 ноември 2024 година, како и 12 февруари, 14 мај, 27 јуни, 9 јули , 23 август, 21 септември 2025 година и 7 јануари 2026 година.

„Причина за повлекувањето на производот е можното присуство на парчиња туѓо тело во производот“, се додава во соопштението.

Компанијата ги повика потрошувачите кои можеби ги поседуваат споменатите производи да ги контактираат.