Турски бизнисмени заинтересирани за соработка со македонски компании

Од:

Дваесетина турски компании од Асоцијацијата на бизнисмени Тумсиад денеска ќе ја посетат Македонија со цел да остварат деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Македонско-турскиот бизнис форум и деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Асоцијацијата на бизнисмени Тумсиад брои над 12.000 членки и 54 филијали во Турција и 3.000 членови и седум центри низа цела Европа.