The Founder Games, првиот регионален формат што комбинира реално ТВ-шоу и стартап
акцелератор, официјално го најавува стартот на новата сезона и отвора повик за сите
амбициозни стартапи од регионот кои сакаат да станат дел од најинтензивното и
највидливо претприемачко искуство на Балканот.
По успехот на првата сезона која ги следеше 40 стартапи од 15 земји низ реални
предизвици, инвестициски состаноци и бизнис-симулации, The Founder Games
продолжува да ја гради својата визија за трансформација на стартап-екосистемот преку
автентична, необработена и длабоко човечка приказна на претприемачите.
Сезона 1 – Достапна на Voyo и Gley, а наскоро и на Player+
Првата сезона моментално е достапна на платформите Voyo и Gley, додека Player+ ќе ја
додаде во својата понуда наскоро. Епизодите се емитуваа и на националната телевизија
Телма, што овозможи претприемачките приказни првпат да стигнат до широка локална
публика.
Сезона 1 донесе силни резултати и реални бизнис-исходи:
- Над 10% од стартапите обезбедија инвестиција за време на програмата
- 30% започнаа со приходи
- 50% преговараат за нови инвестициски рунди
Публиката реагираше со силен интерес кон автентичниот пристап кој е без сценарио, без
гламур, само реална претприемачка борба, притисок, падови и победнички моменти.

Повик за учество во новиот циклус на акцелераторската програма
Паралелно со снимањето на новата сезона, се отвора и повикот за влез во програмата
која комбинира:
- менторство со експерти од регионот и светот,
- предавања и работилници
- реални бизнис-симулации,
- директни средби со инвеститори,
- и интензивни предизвици дизајнирани да го забрзаат растот во услови на
притисок.
Стартапите ќе се соочат со серија предизвици инспирирани од вистински ситуации како
кризен PR, B2B продажба, инвестициски аукции, антипичинг, storytelling, и други модели
на учење преку акција, методологија што ја докажа својата ефективност во сезоната 1.
Оваа година се очекува уште поголемо учество на инвеститори, партнери и
корпоративни лидери од регионот, Европа и пошироко.

The Founder Games – повеќе од ТВ-шоу
The Founder Games е нова категорија – комбинација од образование, забава и
претприемачка акцелерација.
Целта е јасна:
– да се отвори претприемништвото кон јавноста,
– да се инспирира новата генерација основачи,
– и да се изгради платформа која ги надминува границите на класичните телевизиски и
акцелераторски формати.
Апликациите се отворени
Стартапите во pre-seed или seed фаза, со MVP и приближно 100 дена до пазар, се
поканети да аплицираат.
Ќе бидат избрани 20 тима кои ќе бидат дел од акцелераторската програма и од новата
сезона на реалното шоу, што е предвидено овој пат да биде снимано на мега јахта на
отворено море следната пролет.
Линк за апликации: https://www.foundergames.com/platform/application
Рокот завршува на 25.12.2025 год.
