Македонија-земја со евтини работници. Власта во Скопје не се двоуми со тоа да привлече инвеститори и уште да ги награди со богати инвестиции, пишува српскиот Newsweek.
Скромно, добро облечен, насмеан, но видно преморен. Изгледа како да чекори во петтата деценија на животот, но има 35 години. Горан мора да порани за да го стигне фабричкиот автобус кој секое утро го вози до работното место. Живее во Велес, а работи во близина на Кавадарци, во германски Дрекслмајер, голем произведувач на делови за автомобили.
Горан работните денови ги поминува на нозе, чекајќи автобус, стоејќи внатре затоа што нема седишта, во погонот на фабриката каде може да одмори само за време на 20 минутната пауза.
„Напорно е, но мора да се турка. Немам избор. Цел ден сум на нозе за 180 евра месечно. За работа за викенди и празници се добива нешто ситно плус. Физички издржувам, но да ви кажам психички веќе попуштам„-вели тој.
Тој е еден од ретките кој е подготвен да проговори за она што се случува и изживувањето од странскиот инвеститор, па затоа неговиот идентитет е скриен под името Горан.
Убеден е дека ако со име и презиме зборува јавно за нечовечните услови за работа, ќе ја изгуби работата.
Тој објаснува дека клима уредите во лето се исклучуваат во 14 часот, се штеди струја, работата е напорна.
Истото го потврдуваат и работници од други фабрики на странски инвеститори. Велат дека постојано доаѓаат нови работници, но ретко кој ќе издржи.
Слична судбина ја делат и илјадници работници во странски и домашни фирми во Македонија.
„Буквално работиме како на лента. Да е лесно не би си заминале околу 4000 луѓе. Само едни си одат други доаѓаат, ретко кој ќе издржи. Јас сум самохрана мајка и морам да бидам овде, немам каде, но психички веќе попуштам“, вели една работничка од Штип, град во кој е сместена една од најголемите фабрики произведувач на автомобилски делови Џонсон Контролс, како и десетици домашни и странски фабрики за конфекција. Еден друг работник вели: „Постојано ми е над глава контролорот и ме притиска. Вели, ќе се намалат бонусите за квалитет на плата ако не ја исполнам нормата. А верувајте ретко кој може да ја исполни“.
Невработеноста во Македонија според официјалните податоци благо паѓа, но и понатаму изнесува 25%.
Добар дел од невработените се млади од 30 години. Платите се намалуваат и грничат со мизерија – околу 70% од вработените имаат просечна плата од 355 евра или помалку. Работниците вработени кај големите странски инвеститори, владејачката партија ги претставува како спас за македонската економија. Иако фирмите како Џонсон Контролс, Технохозеа, Ван Хул, ОДВ Електрика земаа масовни субвенции за создавање на работни места, а таму работниците не заработуваат ништо повеќе од другите.
Како просечните Македонци крпат крај со крај, со месечна плата која не е поголема од дневниците на германскиот работник, вработен можеби баш во истата фирма? Нема рецепт, вели еден средовечен Скопјанец. Тоа е едноставно само колку да се прехраниш и да ги платиш комуналиите. А ни за тоа не е доволно. Ретко е некој да има а да не е ни две плати во минус. Ако имаш кредит, а имаат речиси сите, е тогаш тешко тебе. Ќе работиш само за да го вратиш долгот“.
Статистиката покажува дека собирањето на креидит и минусите на тековните сметки граѓаните се должни околу две милијарди евра на банките – значи околу 1000 евра по жител. Статистиката и сведоштвата покажуваат и нешто уште полошо: Според модерното ропство Македонија е европски лидер. Тоа неодамна го објави Фондацијата Walk Free, која проценува дека околу 13.000 луѓе во Македонија работат во ропски услови. Тоа е од 0,64 % од популацијата која ја сочинува Македонија и на светско ниво на високото 18 место некаде во рангот на Колумбија, Мароко, Перу, Венецуела, Јордан, Танзанија, Ангола…