Се продаде топланата „Скопје Север“ за 350.000 евра откако никој не ја купи за 605 илјади

Од:

Се продаде топланата „Скопје Север“ во третиот обид за една година откако претпријатието „Топлификација АД Скопје“ отиде во стечај. Сумата од речиси 350.000 евра или 21.521.092 денари што претставуае 99,98 проценти од основната главнина на друштвото ќе се распредели на доверителите.

Пакетот од 77.414 обични акции на топланата „Скопје Север“ беше продаден во трет обид. Една акција се продаваше за 278 денари, а топланата беше понудена на продажба минатата година во септември за 605 илјади евра. Тогаш за акција се барале 482 денари. За истите акции уште една година претходно, понудата за продажба изнесувала 780 денари по акција.

Продавачот Топлификација АД Скопје е во стечај, а парите од релизираната јавна берзанска аукција што ја иницираше Комерцијална банка, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Акциите се купени по почетната предвидена цена.

Податоците се од вчерашната официјална берзанска листа.