Салонот на Техномаркет Македонија во Diamond Mall (на првиот кат) овие денови го одбележува својот прв роденден. По тој повод, тимот на Техномаркет Македонија организира роденденска акција во овој продажен салон, која ќе трае до 9-ти март (недела).
Сите потрошувачи имаат можност да купат техника по значително пониски цени, но и да бидат сведоци на многу изненадувањa и подароци во салонот во Diamond Mall.
Имено, продавницата, која е лоцирана на првиот кат во Diamond Mall и се простира на 1.200 м2 е 21-от продажен салон на компанијата, која повеќе од 28 години претставува еден од водечките брендови за продажба на техника и производи за домаќинство.
Овој продажен салон на Техномаркет изминатава година беше посетен од десетици илјади граѓани, задоволни потрошувачи, кои одлучија својот дом или деловен простор да добие нова димензија, да стане уште пофункционален и покомфорен за нив и нивните блиски.
Голем број на клиенти – потрошувачи благодарејќи на ниските цени и промотивни акции одлучија да го променат и својот начин на живот, да внесат здрави навики во своето секојдневие преку производите кои се наменети за здрава и балансирана исхрана. За многумина, овој салон беше причина да однесат подарок на своите блиски, имајќи предвид дека Техномаркет изобилува со производи кои се наменети за различни возрасни групи.
Дополнително, овој период тимот на Техномаркет ја спроведува и својата осмомартовска кампања за Денот на жената (8 Март). Голем дел од производите наменети за жени се намалени и за повеќе од 30%. Март е месец на жената, месец на подарување, на љубов, почит и внимание.
Нека роденденската акција во салонот во Diamond Mall, празничниот период и најавата на пролетта ни донесат нова енергија во домот, на работното место, во нашето слободно време и секојдневие.
Купувајте по значително пониски цени и посветете време за себе и за Вашите сакани.
ПР текст