Според достапните податоци за резервите на злато на земјите од Западен Балкан, Србија е на убедливо прво место, со околу 51,7 тони злато во државни резерви.
Со овој резултат, Србија далеку ги надминува сите други земји во регионот, потврдувајќи ја својата позиција како финансиски најстабилна земја во Западен Балкан кога станува збор за овој стратешки ресурс.

На второ место е Македонија со приближно 6,9 тони злато, што е речиси осум пати помалку од Србија.
Следуваат Словенија со околу 4,0 тони, Босна и Херцеговина со 3,5 тони, како и Албанија со приближно 3,4 тони резерви на злато.
Црна Гора има најмалку резерви на злато, со околу 1,2 тони, додека Хрватска, според овие податоци, очигледно нема воопшто резерви на злато.