Просечната плата во декември 21.449 денари

Од:

Просечната нето исплатена плата во декември во Македонија изнесувала 21.469 денари, што претставува благ пораст и на месечно и на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во средата, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2012 година се зголемил за 0,3 отсто декември 2011 година, кога просечната плата изнесувала 21 415 денари.

Уште поголемо зголемување на платата има на месечно ниво, со оглед на тоа што просечната плата во ноември 2012 година изнесувала 20 857 денари.

Зголемување на платата на годишно ниво се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%), Информации и комуникации (3.8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.5%).