Почна жетвата на јачменот во штипско-карбинскиот регион

Од:

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион почнаа со жетвата на јачменот, кој годинава според нив ќе има добри приноси. Во овој регион јачменот кој се користи како сточна храна или за производство на пиво е засаден на површина од 2.500 хектари.

Земјоделецот Љупчо Петров од селото Крупиште годинава очекува приноси од јачменот од 3 до 3,5 тони по хектар.

– Сметам дека реалната цена на јачменот треба да биде до 15 денари за килограм. Минатата година се откупуваше од 11 до 12 денари за килограм. Благодарни сме и на субвенциите што ги добиваме од Владата, изјави Петров.

По завршувањето на жетвата на јачменот треба да почне и жетвата на лебното зрно, односно на пченицата. Во штипско-карбинскиот регион пченицата е застапена на површина од 3.500 хектари, а според земјоделците годинава приносите ќе бидат помали во споредба со минатата година. Се очекува приносите на пченицата да бидат до три тони по хектар.