Американскиот „Тime“ објави листа на која се наоѓаат главните виновници за светската криза.
Помеѓу 25-те најголеми виновници, кои поради нивната алчност ја уништиле светската економија се: поранешните американски претседатели Џорџ Буш (помладиот) и Бил Клинтон, кинескиот премиер Вен Зиба и Алан Гриспен.
Листата на осомничените започнува со Ангело Мозила, ко-основач на компанијата „Кантривајд“, која стана најголемиот издавач на хипотекарни кредити за куќи и домови, а даваше и „егзотични“ кредити издадени на клиенти со сомнителен кредитен рејтинг и поддржувајќи ја идејата дека секој барател на финансиски средства може да поднесе големи хипотека. Така компанијата и пропадна.
Втор на листата е Фил Грим главниот протагонист на финансиската дерегулација кој одигра клучна улога во отфрлањето на актот со кој требаше банките да се одвојат од „Wall Street“.
Трето место му припаѓа на поранешниот главен шевф на резервите, Алан Гриспен, кој згреши кога мислеше дека финансиските компании самите можат да се регулират, што всушност и доведе до хипотекарна криза.
Четвртото место е за шефот на регулаторната комисија кој не ја откри измамата поврзана со Лимен Брејдерс и Мери Линч.
На петото мест се „американските потрошувачи“ кои Тајм ги обвинува затоа што ниту по 40 години не можеле да сфатат дека не можат да живеат над своите можности.
Шести е министерот за финансии назначен за времето на Џорџ Буш, а седми е самиот претседател на америка Џорџ Буш.
На листата се наоѓаат и кинескиот премиер Вен Џиабо, Бил Клинтон, Џими Кејн.