Николов: Да се повлече ребалансот на буџетот додека да се расчисти со еврообврзницата

Од:

СДСМ побара ребалансот на Буџетот којшто денес е на дневен ред да се повлече се до расчистувањето на законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра.

„После вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери дека Министерството за финансии не побарало правно мислење за издавањето на еврообврзницата што е законска обврска согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6. станува јасно дека е прекршена законската процедура за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра. Со оглед дека овие 450 милиони евра дополнително беа калкулирани во Ребалансот на Буџетот за 2016 година и тоа после завршувањето на амандманската расправа како дополнет предлог од Владата сметаме дека до расчистувањето на скандалот со прекршувањето на постапката за издавање на еврообврзницата Ребалансот треба да биде повлечен за Собранието не биде доведено да изгласа Буџет кој навистина е нереален“, рече пратеникот Марјанчо Николов.

Николов, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет праша и кој ќе ја сноси одговорноста ако заради прекршување на Законот за јавен долг и постапката за издавање на еврообврзницата истата биде поништена, а Собранието го изгласа Ребалансот со калкулираните 450 милиони евра и истите бидат потрошени.

„Со оглед дека овие 450 милиони евра дополнително беа калкулирани во Ребалансот на Буџетот за 2016 година и тоа после завршувањето на амандманската расправа како дополнет предлог од Владата сметаме дека до расчистувањето на скандалот со прекршувањето на постапката за издавање на еврообврзницата Ребалансот треба да биде повлечен за Собранието не биде доведено да изгласа Буџет кој навистина е нереален. “, рече Николов.