Нема да се врати евтината струја преку ден

Од:

Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за оценување на тарифникот за електрична енергија донесен од регулаторната комисија за енергетика.

Според уставните судии, за социјалниот аспект од оваа одлука не треба да размислува регулаторното тело, туку за тоа се надлежни Собранието и Владата.
Според уставните судии укинувањето на дневната тарифа за евтина струја не е спротивно на уставните начела.

“Она што граѓаните не може да плаќаат струја е друга работа. Собранието треба да им излезе во пресрет,“ – рече Бранко Наумовски, претседател на Уставниот суд.

Регулаторната комисија за енергетика лани во јули го донесе новиот тарифен систем за електрична енергија, со кој се укина евтината тарифа во работните денови.

Иницијативата беше поднесена од граѓанинот Стрезо Стрезовски, а беше поддржана и од граѓанската иницијатива Аман и од Хелсиншкиот комитет.

Тие побараа заштита на стандардот на граѓаните.