Постојат проблеми во сите области, потребно е редефинирање и промени во системот на финансирање на единиците на локална самоуправа и тој треба да биде базиран на реални длабински анализи кои треба да се направат во периодот што следи, со цел на среден и долг рок да се добие систем на финансирање кој ќе биде фер, правичен и кој нема да зависи од волјата на политички партии или поединци. Ова е заклучено на денешниот состанок на Министерството за локална самоуправа организираше со претставници на засегнатите страни. Со ова, почнува процес на консултации за наоѓање решенија со кои ќе се редефинира и промени системот на финансирање на единиците на локална самоуправа.
На денешниот состанок присуствувале заменик
Според Павлески, Министерството за локална самоуправа ќе се залага да се создаде одржлива, ефективна и ефикасна локална самоуправа. Нагласил дека во координација со сите други надлежни министерства ќе почне процес на консултации и анализи поради изнаоѓање на најсоодветни политики и мерки за решавање на, како што се наведува, со години напластените проблеми со коишто се соочуваат единиците на локална самоуправа.
Претставниците од ЗЕЛС и од надлежните министерства се согласиле дека средствата од блок дотациите наменети за училиштата, детските градинки и локалните установи од областа на културата со години покажуваат недоволност што се одразува на квалитетот на услугите во овие области.
На состанокот било укажано дека во однос на детските градинки има сериозен недостиг од персонал и капацитети, а во образованието најголем процент од средствата се наменети за плати и има голем недостиг за покривање на трошоците за превоз на ученици и за одржување на училиштата. Установите од областа на културата се во најлоша состојба зашто, како што се наведува, тие се одржуваат во статус-кво состојба, со по еден до двајца вработени без никакви содржини.
– Заеднички беше констатирано дека проблеми постојат во сите области, потребно е редефинирање и промени во системот на финансирање на единиците на локална самоуправа и оти тој треба да биде базиран на реални длабински анализи кои треба да се направат во периодот што следи, со цел на среден и долг рок да се добие систем на финансирање кој ќе биде фер, правичен и кој нема да зависи од волјата на политички партии или поединци, соопшти Министерството за локална самоуправа.