Митева: СДСМ и ДУИ водат лицемерна политика за Иловица

Од:

Додека власта прави пиши – бриши политика на јавноста и соопштуваат лажни информации како тие биле против отворање на рудникот Иловица. СДС и ДУИ ако беа против отворање на рудникот во Иловица немаше да одлучуваат на седница на влада за спојување на концесиите рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Она што го гледаме сега е обид за тргање на одговорноста која исклучиво тие ја имаат. Но јавноста повторно виде дека СДС и ДУИ биле лицемерни кога воделе кампањи сите овие години, бидејќи во првиот момент кога видоа бизнис прилика за лица блиски до владејачките партии заборавија на сите ветувања. Фактите го говорат следново: одлуката за доделување на концесија е донесена во 2017-тата година од владата на СДС и ДУИ, истата е поништена во 2019-тата година, за потоа кога Дестани кој што важи за близок до ДУИ влегува во сопственичката структура на „Еуромакс Ресурсис“ и само 15 дена подоцна, институциите носат одлука со која се поништува одлуката за едностраниот раскин на концесијата, вели Митева.