Министерството за економија доби сертификат ИСО 9001:2008

Од:

Министерството за економија од јануари 2012 година почна со процесот за воведување ИСО 9001 стандардот за квалитет, како дел од постојаните напори за реформа на јавната администрација и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност.

По извршената сертификација од страна на Сертификациското тело ТÜВ АУСТРИА ЦЕРТ ЛТД – Министерството за економија доби сертификат ИСО 9001:2008.

Согласно стандардот, Министерството е сертифицирано за развивање и имплементација на современа, интегрирана, проактивна економија согласно принципите на ЕУ и националните развојни документи преку зголемување на конкурентноста на домашната економија базирана на знаење, иновации, интернационализација, како и создавање поволна деловна и инвестициска клима што ќе придонесе за отворање нови работни места, економски раст и и развој на одржливи основи.

Предноста од воведувањето на ИСО стандардот е што ќе се примени принцип на работа со кој периодично се прави реевалуација на институцијата за да го зачува сертификатот, со што се зголемува квалитетот на услугите кои ги нуди кон граѓаните.

Очекувани придобивки од воведувањето на стандардот покрај зголемување на нивото на задоволство на корисниците на услугите и на вработените, се и подобрена изведба на услугите со стекнување на деловната доверба кај постоечките или потенцијалните корисници, намалување на жалбите, како и на трошоците на работењето, подобрена комуникација…

ИСО 9000 е меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет. Се состои од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка. Определбата за сертификација на систем за управување со квалитет согласно ИСО 9001 од страна на акредитирано сертифициско тело ја покажува посветеноста на секоја организација кон квалитетот, корисниците и клиентите.