Македонска делегација на Самит во Индија

Од:

Македонска делегација учествува на Самитот во Индија што од 26 до 29 јануари се оддржува во Агра во организација на најголемата индиска стопанска комора „CII“, а на кој се присутни претставници на 1.200 компании од Индија и Југоисточна Азија, како и владини претставници од 65 земји од светот.

Самитот се смета за еден од најголемите самити на кој учесниците имаат можност да ги промовираат своите економии и компании, како и да ги унапредат бизнис релациите, инвестициите и трговската размена.

Во македонската делегација, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се министрите за странски инвестиции и без ресор, Бил Павлевски и Неждет Мустафа, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Технолошко-индустриските развојни зони, Висар Фида и Виктор Мизо, како и економскиот промотор Тони Атанасовски.

– Директорот Фида и економскиот промотор Атанасовски се сретнаа со претставници на неколку индиски компании од областа на инфраструктурата, ИТ, автомобилскиот сектор и секторот туризам, а договорија и соработка со претставниците на Малезискиот институт за Стратешко инвестирање и развој (АСЛИ). Македонската делегација оствари средби и со владини претставници на Индија, ресорни министри, со премиерот на најголемата индиска сојузна држава Утар Прадеш, како и со други владини делегации и претставници на мултинационални корпорации, се вели во соопштението од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.